Сичуан: Киенскиот претседател Ху Џинтао во посета на настраданите од земјотресот

Кинескиот претседател Ху Џинтао пристигна во Сичуан, во посета на подрачјата погодени од силниот земјотрес во оваа провинција. Тој исто така ќе се сретне и со некои од 130-те илјади војници вклучени во единиците за спасување на настраданите. Инаку во Кина во меѓувреме пристигнаа и првите странски спасувачки екипи од Јапонија. Според кинеската канцеларија за елементарни непогоди се претпоставува дека 50 илјади лица го загубиле животот во силниот земјотрес, а до сега има 20 илјади потврдени жртви.