Белград: Демократската партија разговара со Социјалистичката партија за формирање на идната влада

Членот на претседателството на Демократската партија, Оливер Дулиќ соопшти дека партијата разговара со Социјалистичката партија на Србија за формирање на идната Влада, како и дека разговорите се водат на различни нивоа. Тој додаде дека постојат индикации дека таа соработка „ќе биде воспоставена во динина“.Дулиќ соопшти и дека тој лично разговарал и со некои од челниците на либерално-демократската партија.