Белград: Коалицијата „за европска Србија“ на Тадиќ прогласи победа на изборите

Коалицијата „За европска Србија“ предводена од Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ вчерa прогласи победа на предвремени парламентарани избори во Србија.- Во овој момент е важно тоа што граѓаните на Србија без сомнеж го потврдија јасниот европски пат на Србија, изјави Тадиќ на прес-конференција во Белград на која ја прогласи победата на изборите на неговата коалиција i нагласи дека сега е најважно да се формира нова влада што е можно побрзо. Заменик претседателот на Српската радикална партија Томислав Николиќ не го призна изборниот пораз и предупреди дека Борис Тадиќ нема да може да ја формира владата. Николиќ изјави дека веќе денеска ќе иницира преговори за формирање влада. Српската Републичка избора комисија (РИК) соопшти дека според досега обработените податоци коалицијата „За европска Србија“ освоила 35,06 отсто од гласовите, а Српската радикална партија (СРС) 28,12 проценти.Одѕивот на изборите бил над 61 отсто.