Кабул: Осум бунтовници убиени во акција на авганистанските и силите на НАТО

Авганистанските сили и припадниците на НАТО алијанста во северо источниот дел на земјата убиле осум бунтовнци а привеле четворица –јавуваат агенциите. Пет од бунтовниците како што изјави региналниот административен шеф се убиени во операцијата изведена во провинцијата Пактиа. Другите тројца според портпаролот на војската се убиени во соседната провинција.