Атина: Со молотови коктели нападната зградата на даночната управа

Триесетина маскирани грчки анархисти синоќа со молотови коктели ја нападнале зградата на Даночната управа во центарот на Атина, јавија грчките медиуми. Во нападот била предизвикана поголема материјална штета, но немало човечки жртви. Во Грција во последно време зачестија нападите врз државни институции и претставништва на странски фирми и на дипломатски мисии.