Анкара: 20 припадници на КРП загинаа во јужна Турција

Дваесет припадници на Курдската работничка партија и двајца турски војници загинале во најновите судири во јужна Турција. Претставник на турската Армија прецизира дека до судирите дошло кога курдски бунтовници нападнале една база на турската армија во јужниот дел на земјата во близината на границата меѓу Турција и Ирак.