Анкара: Три лица загинаа во експлозија на бомба

Три лица загинаа, а шест други се повредени денеска при експлозија на бомба активирана кога крај неа минувал еден минибус во округот Батман во југоисточна Турција, соопшти претсавник на турските безбедносни сили. Безбедносните сили сметаат дека бомбата најверојатно е поставена од Курдска работничка партија.