Тирана: Албанија испраќа војници во Чад

До крајот на месецот Албанија ќе упати контингент од 62 војника во африканската држава Чад откако Владата го прифати договорот со Европската Унија за упатување свои војници во рамките на мисијата на Унијата - ЕУФОР-Чад, јави МИА од Тирана. По мисиите во Босна и Херцеговина, Ирак и Авганистан, Чад ќе биде четвртата земја каде Албанија учествува со свои мировници.