Мјанмар: Воената хунта одобри влез на американската помош

Воената хунта на Мјанмар им дозволи на Соединетите држави со воени авиони да доставуваат хуманитарна помош во областите загрозени од циклонот Нагрис, потврдено е во американската амбасада во Банкгок која прецизира дека во разговорите меѓи соединетите држави и Мјанмар посредувал Тајланд. Се страхува дека во ударот на циклонот во минатиот викенд загинале над сто илјади луѓе.