Мјанмар: 15 илјади лица загинале како последица на Циклонот Наргис

Владата на Мјанмар соопшти дека најмалку 15 илјади лица загинале како последица на Циклонот Наргис, а илјадници се водат како исчезнати. Воениот режим соопшти дека ќе ја прифати меѓународната помош. Првата дама на Соединетите Држави синоќа го обвини режимот дека адекватно не го предупредила населението за доаѓањето на циклонот.