Багдад: Најмалку 10 ирачки војници убиени во близина на полициска станица

Американската војска соопшти дека најмалку 10 ирачки војници биле убиени во близина на полициска станица северно од Багдад. Во друг одвоен напад, најмалку 13 војници биле ранети во близина на провинцијата Дијала. Се смета дека за нападите се одговорни припадници на тероростичката организација Ал Каеда.