Ерусалим: До крајот на годината може да се постигне израелско – палестински мировен договор

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, на крајот од нејзината тридневна посета на Израел и на Западниот Брег, денеска во Ерусалим се состана со израелскиот премиер Ехуд Олмерт. Рајс изрази уверување дека до крајот на годинава би можело да биде постигнат израелско палестински мировен договор.