Ерусалим: Кондолиза Рајс денеска на Блискиот исток

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска е на Блискиот исток во обид да ги интензивира изралеско палестинките мировни разговори – јавуваат агенциите. Рајс која вчера пристигна во Израел претходно изјави дека ке се обиде да изврши притиосок врз изралеците да ги намалат блокадите и обезбедување на западниот брег, а од Палестинците како што рече ке побара да направат повеке за да ги намалат напади на милитантите против Израел. Двете страни во ноември се согалсија да ги продолжат мировните разговори кои би завршиле до крајот на годинава, но досега има мал прогрес.