Американските сили соопштија дека нема нови воени планови за интервенција во Иран. Претставник на Пентагон изјави дека не добиле никакви наредби за изработка на планови за напад врз Иран и оти присуството на два носачи на авиони во Персискиот Залив е само демонстрација на американските воени капацитети во регионот.