Техеран: Иран ги запрел трансакциите за нафта во американски долари

Иранското министрество за нафта соопшти дека Иран целосно ја запрел трансакцијата на нафта за американски долари. Транаскциите се префрлени во евра и јапонскииот јен. Иран, втор по големина производител во рамките на ОПЕК ги редуцира транакциите во долари уште во мината година поради падот на вредноста на американската валута.