Пекинг: Олимпискиот факел се врати во Кина

Олимпискиот факел се врати на Кинеска почва по турбулентното патување низ 20 држави. Факелот, под силно обезбедување, беше дочекан во Хонг Конг каде претходно беа уапсени најмалку 7 демонстранти. Глобалните масовни протести беа против кршењето на човековите права во Кина и насилното справување со протестите во Тибет.