Њујорк: Работна група на ОН за справување со глобалниот раст на цените на храната

Обединетите нации решија да формираат работна група за справување со драматичното покачување на глобалните цени на храната. Ова денеска во Берн го соопшти генералниот секретар Бан Ки Мун кој ќе ја раководи групата. Тој прецизира дека ќе бидат преземени серија краткорочни и долгорочни мерки со кои би требало да биде надминат овој проблем.