Луксембург: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

На агендата на министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург ќе бидат договорите кои би ги унапредиле врските меѓу Унијата и Србија и Русија. Министрите ќе дискутираат за тоа дали на Србија да и понудат договор за стабилизација и асоцијација како чекор кон нејзино идно члеснтво во заедницата. Холандија и белгија се спротивставуваат на тоа барајќи најпрвин Србија да преземе повеќе акција околу испорачување на обвинетите за воени злосторства.