Багдад: 11 загинати и 30 повредени во борби со шиитските милитанти

11 луѓе загинале, а 30 биле повредени во најновите борби меѓу американските и ирачките сили со шиитските милитанти во реонот на Ал Садр во Багдад. Судирите во тој дел од Багдад се интензивираа кон крајот на март, кога ирачкиот премиер Нури Ал Малики нареди разоружување на милитантите.