Њујорк: Меѓународната заедница треба да ги земе предвид промените на Косово, изјави Рикер

Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер изјави дека Меѓународната заедница треба да ги земе предвид промените на Косово, посебно откако на 15 јуни ќе стапи во сила косовскиот устав. Го информирав советот за безбедност дека околностите на теренот се менуваат, а тоа Меѓународната зедница треба да го има предвид, изјави Рикер по враќањето од Њујорк, каде што пред советот за безбедност го поднесе извештајот за состојбата на Косово. Тој исто така оценил дека претензиите на Белград да се одржат локални избори и на Косово се незаконски.