Кабул: Седум авганистански полицајци убиени во два напада

Седум авганистански полицајци биле убиени во два напада на талибанските бунтовници, соопштено е во Кабул. Првиот напад се случил во близина на границата со Пакистан и притоа загинале петмина полицајци по што дошло до престрелка во која, како што се прецизира биле убиени и десетина талибанци. Претходно двајца полицајци загинале во напад на бомбаш самоубиец во јужната провинција Хелманд.