Њујорк: Нов рекорд на цената на нафтата – речиси 120 долари

Цената на нафтата повторно достигна рекордно ниво, откако вчера на светските берзи еден барел се продаваше за речиси 120 долари. Причина за тоа, како и обично, е рекордно ниската вредност на американскиот долар во однос на еврото, како и огромната побарувачка за нафта од страна на Кина и Индија.