Атина: Грчките фармети продолжуваат со блокадата на границите кон Македонија и Бугарија

Грчките фармери продолжуваат и денеска со симболичната блокада на граничните премини кон Македонија и Бугарија и протест пред големите супермаркети и пазарите за месо во Атина и Солун протестирајќи на тој начин поради увозот на јагнешко месо од двете соседни земји, јави грчкото радио Атина. Грчките сточари се противат на увозот на јагнешко и друго месо бидејќи тоа го загрозувало пласманот и цените на нивните прозводи.