Њујорк: Косово тема на седницата на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска на седница во Њујорк ке го разгледа тримесечниот извештај за состојбата на Косово подготвен од шефот на мисијата на УНМИК Јоаким Рикер. На седницата се очекува да се обратат премиерот на Косово Хашим Тачи и српскиот претседател Борис Тадик.