Скопје: Посета на спикерот на долниот дом на канадскиот парламент

Во Македонија од вчера престојува и спикерот на долниот дом на канадкиот парламент Питер Миликен. Денеска тој ке оствари средби со шефот на државата Црвеснковски и со министерот за одбрана Лазар Еленовски. На средбите како што соопштија од министерството за надворешни работи се очекува да бидат разменети мислења околу можностите за унапредување на односите меѓу двете земји а ке се разговара и за активностите на Македонија во евро-атлантските интегративни процеси, актуелната внатрешно-политичка ситуација во земјата, како и состојбите во регионот.