Атина: Антидемократска борба ја презеде одговороноста за нападите врз дипломатски возила

Левичарската група Антидемократска борба ја презеде одговорноста за нападите што се случија изутрината во Атина врз две дипломатски возила, кои им припаѓале на амбасадите на Турција и на Босна и Херцеговина. Возилата биле уништени во експлозиите, но немало жртви. Во почетокот на оваа недела беа запалени два автомобила на амбасадата на Саудиска Арабија во Атина.