Бурел: Три лица се повредени при експлозија во фабрика

Тројца работници се тешко повредени при експлозија што се случи синоќа во една од печките на фабриката за ферохром во албанскиот град Бурел. Во моментот на експлозијата во фабриката се наоѓале 20 работници. Истрагата е во тек.