Виена: Идната улога на ОН на Косово главна тема на состанокот на ОН, УНМИК, ЕУ и НАТО

Идната улога на Обединетите нации на Косово треба да биде тема на денешниот состанок на претставниците на ОН, УНМИК, Европската унија и на НАТО во Виена. Приштинскиот весник „Коха Диторе“ шпекулира дека преминот на надлежностите од УНМИК на Еулекс, како и на институциите на Косово, би можел да биде продолжен по први јули. Весникот истакнува дека локалните власти уште најмалку седум месеци нема да бидат во состојба да ги преземат надлежностите од УНМИК.