Скопје: ДИК го утврди роковникот за предвремените избори на 1 јуни

Државната изборна комисија на вчерашната прва седница го усвои роковникот за претстојните парламентарни избори на 1 јуни. Како што е утврдено изборната кампања ќе започне на 11 мај, а завршува на 30 ти мај. Листите на кандидати за пратеници треба да бидат доставени до ДИК најдоцна до 2 мај. Изборите ќе бидат шести по ред парламентарни избори во Република Македонија, а први предвремени избори.