Даблин: Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во посета на Ирска

Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Ирска. Покрај билатералните разгововори со своите домаќини, министерот Милошоски и ирскиот министер за европски прашања, Дик Роч, ќе потпишат и Договор за одбегнување на двојно одданочување помеѓу Република Македонија и Република Ирска. Во рамки на посетата шефот на македонската дипломатија ќе учествува и на средбата на европските народни партии, на која меѓу другите ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот парламент, Ханс Герт Потериг, и германскиот канцелар, Ангела Меркел.