Вашингтон: Светската економија

Министрите за финансии на Групата 7 индустриски најразвиени земји во светот, оценија дека светската економија продолжува да се соочува со тежок период. Во изјавата по состанокот во Вашингтон се вели дека проблемите на глобалните финансиски пазари и натаму се предизвик, кој е поголем отколку што се мислеше првично.