Скопје: Македонскиот парламент одлучи да испрати војници во БИХ, Авганистан и Ирак

Македонскиот парламент, пред гласањето за само-распуштање, ја одржа 115-тата седница, последна во овој мандат. Усвоени се одлуките за испраќање на медицински тим и припадници на АРМ во мировната мисија Алтеа во Босна и Херцеговина, како и во мировните операции во Авганистан и во Ирак.