Газа: Двајца милитанти на Хамас загинале во воздушен

Двајца милитанти на Хамас загинале во израелски воздушен напад во Појасот Газа, јавија агенциите. Нападот е одговор на акцијата на милитантите кои во Нахал Оз убија двајца израелски цивили. Одговорноста ја превзеде една помала милитантна група, но израелскиот премиер Ехуд Олмерт оцени дека Хамас стои зад сите напади во тој регион.