Багдад: Ирак е центатор на двете најголеми закани за САД

Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека Ирак е ценатрот на двете најголеми закани за Соединетите ДРжави, - Ал Каида и Иран. Во говорот во Белата Куќа, Буш додаде дека доколку не успее мисијата во Ирак, Ал Каида ќе пропагира победа и ќе има сигурно засолниште во таа земја. Затоа, Буш соопшти дека ќе го запре планираното повлекување на американските војници од Ирак, по јули годинава.