Скопје: Денеска лидерска средба кај претседателот Црвенковски

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска ќе се сретне со лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Ова средба која требаше да се одржи вчера, по барање на премиерот Никола Груевски, беше одложена, а со цел да се изгради став за евентуално продолжување на разговорите за спорот со името со Република Грција.