Брисел: ЕК наскоро ќе го објави редоследот на мерки за укинување за Србија и Македонија

Еврокомесарот за проширување Оли Рен изјави дека Европската Комисија набрзо ќе го објави редоследот на мерките за укинување на визите за граѓаните на Србија и Македонија. На расправата во Европскиот парламент за преговорите за членство на Хрватска и настојувањата на Македонија да започне преговори, Рен го потенцираше напредокот на Загреб и Скопје во европските реформи.