Скопје: Претседателот Црвенковски ја одложи лидерската средба за утре по барање на Груевски

По барање на премиерот Никола Груевски, за одложување на закажаната лидерска средба за денеска, а со цел да се изгради став за евентуално продолжување на разговорите за спорот со името со Република Грција, Претседателот Бранко Црвенковски ја одложи за утре. Притоа, Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски нагласува дека целта за одржување на ваква средба е остварлива доколку во меѓувреме Собранието на Република Македонија не се самораспушти и не закаже предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.