Газа: Убиен израелски војник и припадник на Хамас во престрелка

Израелски војник и еден припадник на Хамас биле убиени во денешната престрелка во Појасот. Изарелската армија соопшти дека нејзини припадници се судриле со палестински милитанти кои сакале да ја минат граничната ограда која го дели Појасот Газа од Израел.