Багдад: Воведен полициски час по повикот за масовни протести

Во Багдад е воведен полициски час токму на денот кога во Ирак се одбележува петтата годишнина од симболичното паѓање на режимот на Садам Хусеин. Имено, на денешен ден во две илјади и третата година џиновската статуа на поранешниот ирачки лидер Хусеин беше урната од центарот на Багдад. Полицискиот час е воведен со цел да се избегне можноста за бомбашки напади, откако шиитскиот верски лидер Мокдата ал Садр повика на масовни демонстрации во Багдад против америкнанското присуство во Ирак.