Непал: Полицијата во Непал убила седум маоисти

Полицијата во Непал убила седум маоисти, додека во друг инцидент бил убиен и еден од кандидатите на комунистите во насилства пред утрешните први избори во таа земја по скоро девет години. Предвидено е новиот парламент да донесе нов устав со што монархија би требало да биде замената со република. Маоистите тврдат дека ривалските партии се обидуваат да ги испровоцираат и да направат проблеми за да ги дискредитираат поранешните герилци.