Скопје: Американскиот амбасадор во НАТО Викторија Нуланд во посета на Македонија

Американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд денеска доаѓа во Скопје на средби со македонскиот државен врв. Нуланд, како што е најавено, ќе разговара со претседателот Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски, по што е планиран и заеднички состанок. На средбите ќе стане збор за новонастанатата ситуација по грчкото вето на поканата на Македонија за членство во НАТО на Самитот во Букурешт и за процесот за надминување на разликите за името меѓу Скопје и Атина. Во Македонија денеска ќе престојува и Штефан Лене, Директор во Сектертаријатот на Советот на ЕУ.