Брисел: Солана бара од земјите на ЕУ потпишување на договорот со Србија пред изборите

Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Хавиер Солана побара од земјите членки да го одобрат потпишувањето на клучниот договор со Србија, пред изборите во мај во таа земја. Тој оцени дека Унијата треба да испрати јасен сигнал до српскиот народ да ги охрабри про-европските сили на парламентарните избори.