Вашингтон: ММФ предложи продажба на 400 тони злато за санирање на светските финансиски проблеми

Меѓународниот Монетарен Фонд предложи продажба на околу 400 тони од своите резерви во злато, како дел од мерките за санирање на светските финансиски проблеми. Од продажбата би се инкасирале околу 11 милијарди долари, но тоа треба да го одбрат Соединетите Држави, како најголеми акционери во Меѓународниот Монетарен Фонд.