Багдад: Шестмина американски војници убиени во Ирак во изминатите два дена

Американските сили во Ирак соопштија дека бунтовниците, во изминатите два дена, убиле 6-мина американски војници, четворица во Багдад и двајца во градот Балад. Во Садр Сити, во Багдад, продолжуваат борбите меѓу ирачките и американските сили и приврзаниците на Моктада Ал Садр. ПОлицијата соопшти дека во борбите загинале и 14 цивили. Во меѓувреме, во Вашингтон, пред неколку комисии во Конгресот, за ситуацијата во Ирак ќе говорат генерал Дејвид Питреус и амбасадорот Рајан Крокер.