Париз: Стотици полицајци распоредени на улиците за заштита на олимпискиот оган

Стотици полицајци се распоредени на улиците на Париз за да го заштитат Олимпискиот оган од активистите кои протестираат поради кинеските насилства во Тибет. Факелот доаѓа од Лондон каде што вчера во анти кинеските протести беа уапсени 36 лица. Претседателот на Олимпискиот Комитет Жак Рог изјави дека е загрижен што Факелот е цел на напади и повика на мирољубиво решение на кризата во Тибет.