Скопје: Денеска лидерски средби на кои премиерот Груевски ќе информира за самитот на НАТО

Премиерот Никола Груевски денеска ќе има одвоени средби со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на СДСМ, Радмила Шеќеринска и на ДУИ Али Ахмети. На средбите Груевски ќе ги информира лидерите за учеството на македонската делегација на Самитот на НАТО во Букурешт како и за средбата со американскиот претседател Џорџ Буш во Загреб Учесниците во разговорите ќе разменат мислења и за натамошниот тек на процесите, наведено е во соопштението од македонската влада. Во исто време грчкиот весник ,,Катимерини“ пишува дека денеска американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид најверојатно телефонски ќе разговара со грчки дипломати, со кои ќе ги прецизира параметрите околу решавањето на спорот со името. Весникот уште пишува дека ,,Република Нова Македонија“ е името за кое во наредните денови најверојатно ќе преговараат Атина и Скопје и кое се посочува како најможната варијанта за компромис. Грција го блокираше влезот на Македонија во НАТО поради спорот со името.