Скопје: Спорот со Грција не треба да ја попречи иднината на Македонија, изјави Дорис Пак

Спорот со Грција за уставното име на Република Макеоднија не треба да ја попречи идината на државата, потребен е компромис, а политичарите се тие кои треба што поскоро да изнајдат решение за проблемот, смета Дорис Пак пратеник во Европскиот парламент и член на Управниот комитет на иницијативата „Душата на Европа“ која е коорганизатор Форумот што се одржува во Скопје
Таа ја критикува, и како што вели гордоста на македонските политичари што спорот за името со Грција го задржале на маса, упатувајќи порака до нив дека не треба да се грижат само за своите политчки кариери, туку прво треба да ја имаат предвид идината на земјата.