Подгорица: Почна предизборниот молк во Црна Гора

Од полноќ во Црна Гора почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори во земјата. Во трката се четворица партиски кандидати. Во случај ниту еден кандидат да не освои доволен број гласови, по петнаесет денови ќе се одржи вториот круг на изборите на кој ќе учествуваат двајцата најдобро рангирани.