Букурешт: Грчкиот премиер Караманлис ги повика македонските лидери на преговори за името

Грчкиот премиер Костас Караманлис вчера од Букурешт ги повика како што рече власите во Скопје на ново продолжување на разговорите за името под покровителство на Обединетите нации. Целта на Грција не е да ја понижи, туку земјата да остане на нозе, рече Караманлис.Тој додаде дека Скопје ќе може да стане членка на НАТО само ако биде најдено решение за името.