Букурешт: Македонската делегација за сега останува во Букурешт

Македонската делегација останува во Букурешт, но не ја исклучува можноста предвреме да го напушти Самитот доколку Македонија не добие покана за членство во НАТО заедно со Албанија и Хрватска, изјави владниот портпарол Ивица Боцевски.
Со тоа Боцевски ги дематира шпекулациите меѓу странските новинари во Медиа центарот во Букурешт дека македонската делегација веќе го напуштила Самитот.